
Според најновите податоци заклучно со 18 август, регистрирани се 38 заболени и четири починати лица во главниот град. Сите жртви се мажи од Скопје на возраст од 62 до 83 години. Опозициската партија посочува дека граѓаните не завршиле на Инфективна по нивна вина, туку поради негрижата во градот што го води Ѓорѓиевски.
Календарот е само алиби, а не резултат
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Тврдењата на локалната власт за успешно прскање се ставени под сериозен сомнеж. Ако навистина имало седум третмани, СДСМ прашува зошто токму Скопје е епицентарот на заразата. Според нив, мерките или биле катастрофално задоцнети, или премногу слаби, или вистинските жаришта биле целосно промашени.
„Ако имало седум третмани против ларви и прскање од воздух и од земја, а епидемијата е во главниот град, тогаш жариштата биле промашени или премолчени. Изберете, сите се ваша одговорност.“
ПР потези наместо јавно здравје
Опозицијата остро го критикува политизирањето на кризата преку, како што велат, евтин маркетинг. СДСМ обвинува дека базените се отворале само за камери, за потоа брзо да се празнат поради наездата на комарци. Тие истакнуваат дека јавното здравје не се штити со читање датуми на прес-конференции додека граѓаните страдаат.
На крајот, остануваат клучните прашања без одговор. Зошто хронично болните и старите лица беа оставени на милост и немилост со противречни пораки? СДСМ бара итни одговори кој ја мери ефикасноста на прскањето и кои локации во градот сè уште остануваат опасни жаришта.


