
Белгиската Федерална полиција потврди дека скелетот пронајден во подрум на куќа во бриселската населба Форест му припаѓа на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, исчезнат од 2003 година.
Остатоците биле откриени во јули 2025 при реновирање на објектот и веднаш биле предадени на детална форензичка анализа. По спроведените испитувања, форензичарите утврдиле дека станува збор за Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.
Последен пат виден на 16 јули 2003
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден

Според полициските податоци, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. По тој датум му се губи секаква трага, а со години случајот останал без јасни одговори за тоа што се случило со него.
Претрес и прибирање докази за околностите
По идентификацијата, белгиските власти издале налог за претрес на куќата каде што биле пронајдени остатоците, со цел да се обезбедат дополнителни докази и да се разјаснат околностите под кои настрадал Рахмановски. Истражните активности се насочени кон утврдување на временската рамка, можните траги во објектот и сè што би можело да помогне во реконструкција на настаните.
Јавен апел за информации
Федералната полиција упати јавен апел до сите кои располагаат со какви било информации поврзани со жртвата или со неговото исчезнување да се јават кај надлежните служби. Од полицијата нагласуваат дека секоја доставена информација ќе биде третирана целосно дискретно.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден







