
Силната зимска бура што ја зафати голем дел од САД однесе најмалку десет животи, остави стотици илјади домаќинства без електрична енергија и предизвика масовни прекини во авионскиот сообраќај, додека властите во околу дваесет држави прогласуваат вонредна состојба.
Според проценките на Националната метеоролошка служба (NWS), врнежите од снег продолжуваат и денес, а студениот бран носи опасно ниски температури и ризик од замрзнување на инфраструктурата. Метеоролозите предупредуваат дека станува збор за една од потешките зимски епизоди во подолг период, со потенцијал за „катастрофални“ последици ако се комбинираат снегот, мразот и долготрајните прекини на струја.
Вонредна состојба е прогласена во низа држави и во главниот град, а службите бараат граѓаните да останат дома.
A ferocious #WinterStorm2026 is crippling much of the United States, marking one of the worst in generations. With blizzards, dangerous ice accumulations, and relentless heavy snow, canceled 13,000+ flights, knocked out power to 139,000+ customers, and caused fatalities #USA pic.twitter.com/OWMmhuLyBw
— arvind shukla (@arvindshukla25) January 26, 2026
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Околу 20 држави, меѓу кои и Вашингтон, веќе воведоа вонредни мерки, што им овозможува на локалните власти побрзо да мобилизираат ресурси, да активираат кризен менаџмент и да обезбедат поддршка за најпогодените подрачја. Во Тексас, Северна Каролина и Њујорк беа упатени јавни апели граѓаните да избегнуваат возење, освен во итни ситуации, поради лизгави коловози, намалена видливост и ризик од блокирани патишта.
Екстремниот студ ги погоди најранливите, а Њујорк алармира за смртни случаи на отворено.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, соопшти дека во текот на викендот биле пронајдени мртви лица на отворено, посочувајќи дека екстремниот студ најсилно ги погодува ранливите групи, особено лицата без дом. Во Тексас се пријавени смртни случаи поврзани со студот, вклучително и трагичен исход кај тинејџерка за време на зимска активност, додека здравствените власти во Луизијана информираа за смртни случаи од замрзнување.
Прекините на струја и паднатите далноводи создадоа дополнителна криза во јужните држави.
Еден од најтешките ефекти на бурата се прекините во електроснабдувањето. Во одреден момент милиони граѓани останале без струја, а синоќа стотици илјади корисници сè уште биле без електрична енергија, особено во јужниот дел на земјата. Во Тенеси се пријавуваат урнати далноводи и масовни прекини, а Луизијана, Мисисипи и Џорџија, каде вакви бури се поретки, се соочуваат со голем број дефекти и отежната интервенција на екипите на терен.
Авионскиот сообраќај трпи сериозни последици, а снежниот бран се движи кон североисток.
Бурата предизвика огромни нарушувања во транспортот, со илјадници приземјени летови и масовни откажувања. Според објавените податоци, откажани се околу 19.000 летови, што дополнително го оптоварува патничкиот сообраќај во период кога големите аеродроми на источниот брег се погодени од снег, мраз и силен ветер. Системот се соочува со „домино ефект“, бидејќи секое затворање писта или одложување на ротации се прелева низ целата мрежа на летови.
Снежната маса се придвижува кон североисток, носејќи најобилни врнежи во региони како Филаделфија, Њујорк и Бостон, а неколку сантиметри снег ги покрија патиштата и тротоарите и во Вашингтон. Надлежните очекуваат следните часови да бидат клучни за стабилизација на состојбата, со фокус на расчистување, нормализирање на електроснабдувањето и ограничување на ризиците од мраз и екстремен студ.


