
Денеска не очекува претежно сончево време со свежо утро и постепен пораст на дневните температури
Минималната температура ќе се движи од -4 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 9 и 16 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува во претпладневните часови.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти околу 0 степени, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Стабилен период под влијание на висок притисок
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до крајот на оваа и во почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно и претежно сончево време. Исклучок ќе биде сабота, кога се очекува зголемена облачност.
Можна утринска магла по котлините
Од петок, во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Сепак, генерално се очекува мирен и сув период без значајни временски промени.


