
Иран најави „разорна одмазда“ по нападот што Израел го започна утрово, а кој според извори бил планиран со месеци
Ирански функционер изјави дека Техеран се подготвува за силен одговор. Во меѓувреме, медиумите јавуваат дека се слушнале експлозии во централен Иран, како и во околината на Техеран, Исфахан, Карај и Керманшах.
Вонредна состојба во Израел
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека станува збор за превентивен напад со цел отстранување на безбедносни закани. Поради очекуван можен одговор, прогласена е вонредна состојба низ целата земја.
Операција планирана однапред
Според израелски безбедносен извор, нападот бил заедничка американско-израелска операција и датумот бил одреден пред неколку недели. Ситуацијата останува напната, додека меѓународната заедница внимателно го следи развојот на настаните и потенцијалната ескалација во регионот.


