
„Нафтата патува за Америка, а јас ќе ги чувам парите“: Трамп потврди дека САД ќе преземат 50 милиони барели од Венецуела
Дилемите се расчистени – целта е црното злато. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено најави дека Венецуела ќе испорача меѓу 30 и 50 милиони барели нафта директно за САД. Вредноста на оваа пратка е околу 2,8 милијарди долари, а Трамп лично ќе го надгледува текот на парите.
„Веднаш да се спроведе“
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Министерот за енергетика, Крис Рајт, добил итна наредба планот да се спроведе „веднаш“. Нафтата ќе се транспортира со бродови до американските пристаништа.
„Оваа нафта ќе се продава по пазарна цена, а парите ќе бидат контролирани од мене, за да осигурам дека ќе бидат употребени за доброто на двете земји“, напиша Трамп на „Truth Social“.
Средба со Ексон и Шеврон во Белата куќа
За да се зацементира контролата, за 9 јануари е закажан итен состанок во Белата куќа со челниците на нафтените гиганти „Ексон“, „Шеврон“ и „КонокоФилипс“. Од нив се очекува масовно да инвестираат и да ја обноват венецуелската индустрија.
Критичарите обвинуваат: „Ова е грабеж“
Оваа најава им даде муниција на Демократите и меѓународните критичари кои тврдат дека апсењето на Мадуро поради „дрога“ било само изговор за да се стави рака врз најголемите нафтени резерви во светот.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








