
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен „многу наскоро“. Тој предупреди дека Иран ќе се соочи со тежок одговор доколку повторно се повлече од разговорите.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Трамп во интервју за „Фокс њуз“ оцени дека преговорите се движат во добра насока. Според него, разговорите траеле цел ден, а Техеран покажува интерес за постигнување договор.
На маса привремен договор за 60 дена
САД, Иран и Оман се приближуваат до привремен договор за повторно воспоставување на пловидбата низ Ормускиот теснец. Вашингтон се надева дека договорот би можел да биде објавен уште во среда, но конечна потврда сè уште нема.
Според „Аксиос“, планот предвидува привремен режим во траење од 60 дена, кој би можел дополнително да биде продолжен. Бродовите што влегуваат во Персискиот Залив би ја користеле северната рута низ иранските води.
Бродовите што излегуваат кон Арапското Море би пловеле по јужната рута низ водите на Оман, во координација со Иран. Во верзијата објавена од „Аксиос“ се предвидува во текот на привремениот период да не се наплаќаат такси.
Средишниот дел треба да се исчисти од мини
Предлогот предвидува и расчистување на поморските мини од средишната рута во рок од 30 дена. По завршувањето на операцијата, таа рута би се користела за влез и излез според траен договор меѓу Иран и Оман.
Компромисот сè уште не е целосно финализиран. Асошиејтед прес објави дека во една од верзиите на договорот се разгледува и наплата за безбедносни и еколошки услуги, што покажува дека дел од условите и натаму се предмет на преговори.
Иран негира директни преговори со Вашингтон
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите со Оман продолжуваат и се насочени кон создавање безбедни рути за бродовите. Техеран, сепак, тврди дека не преговара директно со САД.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека постои можност договорот да биде постигнат денеска или утре. Според него, отворањето на теснецот би било првиот чекор кон нормализирање на состојбата.
Брод погоден од непознат проектил
Безбедносната состојба во Ормускиот теснец и натаму е напната. UKMTO објави дека товарен брод пријавил оти бил погоден од непознат проектил додека пловел низ теснецот.
Нападот предизвикал оштетување на бродот во близина на Оман. Инцидентот се случува додека дипломатите се обидуваат да постигнат договор и да ја обноват нормалната пловидба низ една од најважните светски рути за транспорт на енергенси.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








