во , ,

Труд вреден за Гинисова книга: Верверичка за само 4 дена сокрила 70 килограми ореви во автомобил

Бил Фишер од Северна Дакота, САД, го пронашол својот „Chevrolet Avalanche“ преполн со ореви, откако го оставил паркиран само 4 дена.

Фишер морал да го отстрани целиот преден дел на возилото за да исчисти сè бидејќи една вредна верверичка го наполнилa со дури 70 килограми ореви.

„Морав да ги отстранам и браниците за да ги извадам сите ореви“, изјавил тој, истакнувајќи дека неговите напори не биле 100 отсто успешни.

Реклама

„Сè уште слушам како нешто се тркала во внатрешноста на возилото, веројатно во деловите на автомобилот до кои не можам да стигнам“, додал Фишер.

Фотографиите кои тој ги објавил на Фејсбук покажуваат дека успеал да наполни 7 канти со ореви извадени од возилото. Со секоја канта која во просек собирала 10-тина килограми, оваа вредна верверичка успеала да собере над 70 килограми ореви за зимата.

Но, за жал, целиот нејзин труд бил залуден…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Илустрации покажуваат колку ни се менуваат животот и перспективата за само 100 денови

10 Предмети кои беа составен дел од речиси секое домаќинство во 80-те години