во ,

Турски државјанин уапсен за криумчарење мигранти кај Богданци


Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа лишиле од слобода 62-годишен државјанин на Турција, осомничен за криумчарење мигранти во близина на Богданци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето со иницијали С.Е. било приведено околу 22:30 часот на местото познато како „Краварски пат“.

Пронајдени седум мигранти од Египет

Супер Попуст -25%

При контрола на патничко возило „Фолксваген Туран“ со албански национални ознаки, кое го управувал осомничениот, полицијата открила седум лица мигранти.

Според првичните информации, станува збор за државјани на Египет кои биле превезувани во возилото.

Мигрантите префрлени во Винојуг

По откривањето на случајот, мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде ќе се спроведе понатамошна постапка.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Илон Маск убедливо најбогат човек во светот

Ресторан и спа центар нелегално приклучени на струја