
Ѓорѓиевски дециден: Не само „Усје“, цела тешка индустрија да се сели од Скопје
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја поддржа историската одлука на Советот за дислокација на „Усје“, но порача дека тоа е само почеток. Според него, проблемот е многу поширок и опфаќа и други капацитети како погоните во Железара, фабриките за кабли и разните отпади. „Триесет години само констатираме, но никој не мрднал со прст. Ова е резултат на лоши проценки во минатото“, изјави Ѓорѓиевски, најавувајќи итни средби со премиерот за системско решение.
Тива акција на терен: Казни од 53.000 евра и субвенции за филтри
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Додека се чекаат стратешките решенија, инспекторите веќе дејствуваат. Без медиумска помпа, изречени се казни во висина од 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола. Дополнително, најавена е нова мерка за директна помош на граѓаните – финансиска поддршка за поставување филтри на оџаците во домаќинствата.


