
Празнична врска со фронтот: Сиљановска и Мисајловски ги поздравија македонските мировници
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска се одржува традиционалната предновогодишна средба. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, Сашко Лафчиски, преку видеоконференциска врска разговараат со македонските војници распоредени во мисии ширум светот – од Косово и БиХ, па сè до Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија.
Пакечиња за децата чии родители се далеку од дома
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Настанот има и силна емотивна димензија, бидејќи на видео врската присуствуваат и семејствата на војниците. За децата на припадниците на Армијата кои празниците ги поминуваат на должност во странство, обезбедени се новогодишни пакетчиња. Државниот врв упати пораки за мир, успешна мисија и безбедно враќање дома на нашите мировници.


