
Експресна правда во Кавадарци: Една година затвор за возачот што намерно прегази полицаец
Основниот суд во Кавадарци донесе брза пресуда за 46-годишниот кавадарчанец кој на 21 декември предизвика тежок инцидент напаѓајќи полициски службеник. Тој е осуден на една година затвор откако во судница го признал делото. Судот одлучи обвинетиот да остане во притвор до правосилноста на пресудата, поради ризик од бегство и повторување на делото.
Филмска сцена: Го удрил во стомак и нога, па удрил и во патролното возило
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Настанот се одвивал како на филм – откако бил опколен од две полициски возила бидејќи одбил да застане, обвинетиот наместо да се предаде, намерно го насочил својот „фолксваген“ кон полицаецот кој му се приближувал. Со голема брзина го удрил службеникот во стомакот и левата нога, го оштетил полициското возило и продолжил да вози. Обвинителството го гонеше за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.


