во ,

Директно од Петровец до Либан: Претседателката и министерот со честитки до македонските војници

Празнична врска со фронтот: Сиљановска и Мисајловски ги поздравија македонските мировници

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска се одржува традиционалната предновогодишна средба. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, Сашко Лафчиски, преку видеоконференциска врска разговараат со македонските војници распоредени во мисии ширум светот – од Косово и БиХ, па сè до Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија.

Пакечиња за децата чии родители се далеку од дома

Супер Попуст -25%

Настанот има и силна емотивна димензија, бидејќи на видео врската присуствуваат и семејствата на војниците. За децата на припадниците на Армијата кои празниците ги поминуваат на должност во странство, обезбедени се новогодишни пакетчиња. Државниот врв упати пораки за мир, успешна мисија и безбедно враќање дома на нашите мировници.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Намерно го прегазил полицаецот па побегнал: Една година затвор за кавадарчанецот

„Усје“ е само врвот на ледениот брег: Ѓорѓиевски бара иселување и на Железара