во ,

Човечноста на дело: Градоначалникот Ѓорѓиевски во кујна подготвуваше ручек за сиромашните

Градоначалник со престилка: Орце Ѓорѓиевски зготви 200 оброци за гладните скопјани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го замени костумот со кујнска престилка. Во духот на божиќните празници, тој се приклучи на екипата на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево за да помогне на оние на кои им е најтешко.

Рамо до рамо со Отец Оливер

Супер Попуст -25%

Заедно со познатиот хуманитарец, отец Оливер, Ѓорѓиевски учествуваше во подготовката на повеќе од 200 топли оброци. Овие оброци ќе бидат веднаш дистрибуирани низ пунктовите на Народните кујни на Скопската епархија.

„Мал гест со силна порака“

Ѓорѓиевски истакна дека соработката со оваа организација трае уште од нејзиното формирање.

„Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде, но можеме да дадеме сè од себе за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. Ова го правиме со срце, без разлика на политичка или верска припадност“, напиша градоначалникот.

Тој упати и јавен повик до сите кои можат – компании и поединци – да се приклучат на оваа благородна мисија и да донираат храна или средства.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РИМСКИ ПИРЕ КОЈ МОРА ДА ГО ПРОБАТЕ: Тајната на долговечноста се крие во наједноставниот оброк

Живот на висока нога: Тифани Трамп во чипка и светки покрај сопругот „тежок“ милијарди