во , ,

Чудо на природата: Maче родено со четири уши е хит во Турција

Џанис Досемеџи и нејзиното семејство од Турција одлучиле да го вдомат ова преслатко маченце иако истото е родено со два пара идентични ушиња. Мидас денес е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.

Слаткото 4-месечно меченце Мидас стана хит на социјалните мрежи, поради тоа што е родено со чуден деформитет – има четири ушиња.

Реклама

Сопствениците на ова слатко маче му направиле Инстаграм профил кој во моментов има над 46.000 следбеници.

Мидас било бездомно маче пред Џанис Досемеџи и нејзиното семејство во Турција да го посвојат и да му дадат топол дом.

Како што појаснува Џанис, пријателка на семејството нашла улична мачка со шест мали мачиња во нивната градина, а Мидас бил меѓу нив, па семејството веднаш одлучило да му даде топол дом.

Според ветеринарите, дополнителниот пар уши на мачето не му помагаат да слуша подобро од другите мачки, но Мидас е во одлична здравствена состојба и ужива да си игра со двата златни ретривери во семејството.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полицијата го фатила за брзо возење, останале во неверување кога слушнале што им кажува

22 Прекрасни илустрации со кои уметник изразува почит кон своите омилени изведувачи и нивната музика