
Колумбиската музичка ѕвезда Шакира извојува голема правна победа во спорот со Шпанската даночна администрација, откако судот утврдил дека таа не била даночен резидент на Шпанија во 2011 година.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Одлуката значи дека државата ќе мора да ѝ врати повеќе од 60 милиони евра, заедно со законска камата. Станува збор за средства што претходно биле наплатени во врска со наводно неплатен данок на доход, данок на богатство и дополнителни казни.
Националниот суд на Шпанија ја поништи претходната одлука од 2021 година, оценувајќи дека не била во согласност со законот. Со тоа, еден од најголемите даночни спорови поврзани со пејачката доби нов пресврт.
Судот пресече: Шакира не живеела доволно долго во Шпанија
Клучниот аргумент во случајот бил бројот на денови што Шакира ги поминала во Шпанија. Даночните власти не успеале да докажат дека таа престојувала најмалку 183 дена во земјата, што е законски праг за утврдување даночен престој.
Според судските наоди, таа во Шпанија престојувала најмногу 163 дена. Во истата година, Шакира била на голема светска турнеја, со 120 концерти во 37 земји, што дополнително го поткрепило ставот дека нејзиниот живот и работа не биле трајно врзани за Шпанија.
Судот, исто така, утврдил дека нејзините главни економски интереси и приходи се наоѓале надвор од земјата. Аргументите поврзани со нејзината тогашна врска со Жерар Пике биле отфрлени, бидејќи емотивна врска не може сама по себе да биде правна основа за даночен престој.
Шакира со остра реакција по пресудата
По одлуката, Шакира порача дека зад себе оставила тежок период исполнет со јавен притисок, напади врз нејзиниот углед и сериозно влијание врз нејзиното семејство. Таа истакна дека оваа пресуда за неа не е само лична победа, туку и порака за сите граѓани кои се чувствуваат немоќни пред институциите.
Според одлуката, Шпанската даночна администрација ќе треба да ги сноси и судските трошоци. Во меѓувреме, Шакира во 2023 година трајно се пресели во Мајами, каде продолжи со својот приватен и професионален живот.


