
Швајцарија завиена во црно: Пет дена жалост за жртвите од пеколот во „Констелејшн“
Швајцарската влада прогласи петдневна национална жалост по катастрофалниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана. Знамињата на сите институции се спуштени на половина копје во чест на загинатите, чиј број, според италијанскиот министер Тајани, достигна 47 лица. Претседателот Ги Пармелин ја нарече несреќата „еден од најтрагичните настани во историјата на земјата“.
Кобната грешка: Прскалки на шампањ го запалиле таванот
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Очевидци го открија моментот на ужасот – пожарот избувнал околу 01:30 по полноќ кога кон барот биле фрлени шишиња шампањ со прскалки и ракети. Ова предизвикало експлозија која моментално го запалила таванот, заробувајќи стотици млади луѓе (главно на возраст од 16 до 26 години) во подрумските простории со тесни излези.
Идентификацијата е тешка, повредените се транспортираат низ цела Европа
Состојбата е толку страшна што телата на жртвите се непрепознатливи и идентификацијата ќе трае со денови. Од 115-те повредени, најтешките случаи со изгореници на над 20% од телото се префрлени во специјализирани центри во Лозана, но и во Париз, Лион, Милано и Штутгарт. Пред изгорениот бар, граѓаните во тишина палат свеќи и оставаат цвеќе.


