
Сцени како од хорор филм во Швајцарија: 47 мртви во пожарот, тинејџери скокале од прозорци за да се спасат
Светот е во шок по новите морничави детали за пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во ски-центарот Кран-Монтана. Италијанскиот министер Антонио Тајани потврди дека бројот на загинати се искачи на 47 лица, а швајцарскиот претседател Ги Пармелин ја прогласи несреќата за една од најтешките национални трагедии. Жртвите се главно млади луѓе на возраст од 15 до 20 години.
Сведоштво од пеколот: „Удираа по стаклата со изгорени лица“
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Драмата настанала кога околу 200 гости во паника се обиделе да избегаат, но поради недостиг на излези, биле принудени да скокаат од прозорците. 19-годишниот сведок Оскар го опиша ужасот: „Луѓето удираа по дебелите стакла и врескаа. Кај некои лицата им беа целосно изгорени, но поради адреналинот ме прашуваа дали се повредени бидејќи не чувствуваа ништо“. Снимките на социјалните мрежи сведочат за хаосот и очајната борба за живот во популарниот зимски центар.


