во , ,

10 работи што може да ги правите во дождливите денови, наместо да спиете

Дали сте и вие од оние кои утрово се разбудија и посакаа да не станат од кревет затоа што времето е врнежливо?

Иако дождот и облачното време првично предизвикуваат лошо расположение, сепак тоа не значи дека треба да бидете нерасположени во текот на овие денови.

Реклама

Кога надвор врне, секогаш може да го искористите тој период за да правите нешто друго во домот, освен да спиете и да бидете нервозни.

Идеи како да ги искористите врнежливите денови:

1. Постои ли посовршено време за филмски маратон со пуканки и топол пијалак под ќебе?

2. Викнете ги пријателите и играјте видео игри.

3. Време е за готвење – поминете квалитетно време во кујна – научете да готвите или згответе нови, вкусни специјалитети.

4. Испланирајте го вашето следно новогодишно или зимско патување – направете добро истражување на понуди.

5. Нема изговори за мрзливост – кога веќе сте затворени дома, искористете го времето за домашен тренинг.

6. Колку и да не ви се допаѓа, сепак ова е вистинско време да го искористите за прочистување низ домот – сигурно не сакате сончевите денови да ги поминувате во оваа активност…

7. Секако, времето поминато дома, може да го искористите да се посветите на себеси – наполнете ја кадата и уживајте додека надвор врне.

8. Ако сепак се одлучите да излезете од дома (не може вечно да се затворате на дожд), може да одите во кино – нема ни да го почувствувате лошото време.

9. Одете на куглање, во теретана, на вечера со пријатели во ресторан со топла атмосфера или на некое место каде ќе се чувствувате пријатно додека надвор врне.

10. Со тек на време, можеби ќе се навикнете на дождот, па ќе посакате да излезете на прошетка и да престанете да се криете под чадор или дома – уживајте во дождот.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Нови илустрации со омилената двојка на интернет: Какви се како родители?

Туристите го обожуваат: Овој град се наоѓа во внатрешноста на кратер создаден од удар на метеорит