во ,

10 мистерии околу најпознатото дело на Леонардо да Винчи, Мона Лиза

Луѓето често велат дека една слика вреди илјада зборови. Иако ова е вистина за повеќето слики и фотографии, ремек-делото на Да Винчи со векови ги буни критичарите, историчарите и јавноста.

Сликата денес се наоѓа во Лувр и често е нарекувана најпознатото, најпосетеното и најмистериозното уметничко дело во светот.

Подлабоката анализа на жената со мистериозна насмевка открива многу повеќе од она што го гледате на прв поглед.

Реклама

1. Која е Мона Лиза?

Вистинскиот идентитет на жената прикажана на сликата останува мистерија и до денес. Многу луѓе веруваат дека станува збор за 24-годишната Лиза Марија де Џералдини, односно Лиза дел Џокондо, благородничка родна во Фиренца во 1947-ма година. Нејзиниот сопруг, Франческо ди Бартоломео ди Жаноби дел Џакондо побарал да ѝ направат портрет. Таа живеела со нејзиниот сопруг и изработувала свила и облека. Имала 5 деца – Пиеро, Андреа, Камила, Џакондо и Мариета.

Според другите претпоставки, лицето на сликата наликува на Катерина Сфорца, војвотка од Форли и немилосрден непријател во воените операции. Друга теорија вели дека младата дама е љубовницата на Џулијано де Медичи, владетелот на Фиренца. Некои пак веруваат дека жената е портретот на мајка му на Леонардо, или пак негов автопортрет, поради сличноста на лицето.

2. Насмевката на Мона Лиза

Заметната насмевка на Мона Лиза е можеби најмистериозното нешто на делото. Пет векови се дебатирало за тоа дали воопшто се смее и дали е среќна или тажна. Со развојот на компјутерските програми за препознавање на емоции, истражувачи од Холандија откриле дека таа е 83% среќна, 9% згрозена, 6% исплашена, 2% гневна и помалку од 1% неутрална и 0% изненадена.

Сепак, повеќето луѓе тврдат дека нејзината насмевка се менува во зависност од тоа каде ја гледате и од кој агол и растојание. Одблизу нејзиниот израз е смирен, додека оддалеку изгледа како да е весела.

3. Тајни кодови

Благодарение на микроскопските фотографии со висока резолуција од сликата, Националниот комитет на Италија за културно наследство открил неколку букви и бројки на платното. Според историчарот на уметност Силвано Винсети во десното око на Мона Лиза се наоѓаат буквите „LV“, што најверојатно се иницијалите на Леонардо. Во левото око нејасно се познаваат латинските букви „CE“ или можеби „В“. На мостот во позадината се гледа бројот „72“ или латинската буква „L“, а веднаш до неа бројот 2.

Никој не знае која била намерата на уметникот кога ги насликал овие букви и бројки видливи за човечкото око.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Илустрации кои прикажуваат како би изгледале Барби и Кен ако беа Балканци

Знаеш ли ти Мујо кој бил Александар Велики?