во ,

10 Неверојатни работи за Турција што веројатно не сте ги знаеле

6. Турски миленици

Турците навистина сакаат миленици. Всушност, ретко ќе сретнете некој што нема милениче. Тие ги носат животните насекаде, па дури и во нивните канцеларии. Единствен недостаток е што ветеринарните клиники се навистина скапи. Понекогаш малата операција на животното може да чини колку операција за човек.

Турците особено ги сакаат мачките. Многумина ќе ви ја раскажат приказната за популарната традиција и за пророкот Мухамед кој сакал да оди на молитва и ја исекол неговата наметка за да не ја разбуди мачката што спиела на неа. Турските мачки без сомнение се најсреќни и најопуштени.

Реклама

7. Такси превоз во Истанбул

Ако ви е потребно такси во Истанбул, најдобро е да симнете некоја модерна апликација што ви овозможува да платите со кредитна картичка и да го контролирате патувањето. Уличните таксиња се навистина екстремни и скапи. Таксистите ќе ја искористат секоја можност да заработат повеќе и да ве измамат, особено ако сте странец. Некои од нив ќе се преправат и дека не зборуваат англиски, па дури и ако им кажете по кој пат да возат, тие сигурно ќе го одберат најдолгиот. Исто така често се случува ако фатите такси од улица да не ве однесе на дестинацијата за којашто сте платиле. Таксистот може да ве остави сред улица и да ви каже дека има метеж.

8. Турски чај

Чајот е толку популарен во Турција што можете да го пиете и до 20 пати дневно. Овде е „злодело“ да не пиете чај во малите турски чаши по секој оброк. Големи шолји чај порачуваат само странците. Исто така многу ретко се пие чај од нане.

9. Улична храна во Турција

Уличната храна во Турција е тема за којашто може да се разговара со години. Најдоброто нешто што го нуди се школките што можете да ги најдете на секој чекор. Турците ги приготвуваат школките малку лути и со многу сок од лимон. Ова е одлично ако внимавате на вашата исхрана, а сепак сакате да уживате во традиционалната храна.

10. Возење во Турција

Можеби ќе ви биде потребна терапија по возењето во Турција. Некои улици се навистина тесни, а возачите имаат краток темперамент. Дури и најмирната личност може да се претвори во чудовиште додека вози. На ова додајте го и фактот дека речиси секогаш има огромни метежи, особено во Истанбул. Можете и често да забележите како двајца возачи се натпреваруваат и целата ситуација завршува со голема расправа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На испит по медицина, студент одговара на прашање: „Признаци на бременоста“

Маж патува сo такси, и ја гледа својата жена како влегува во еден хотел…