во , ,

12 Работи кои треба да ги знаете за капењето на вашето куче

Капењето направете го позитивно искуство за кучето, па нека биде забавно, а вие бидете трпеливи.

Вашето куче сигурно сака ентузијастично да трча во парк и да се забавува, но потоа му треба добро капење.

Ако сè уште не знаете како да го сторите тоа правилно, еве неколку совети околу првото капење.

Реклама

Мини упатство низ илустрации:

1. Првото капење нека биде колку што е можно побрзо за да му воспоставите рутина и тоа да му изгледа како нешто познато и нормално. Прво прошетајте го да потроши енергија и не го капете со полн стомак.

2. Кучињата се бањаат од еднаш неделно до еднаш на 4 до 6 месеци. Ова зависи од расата, должината на влакната и начинот на живот, колку време кучето минува надвор во нечистотија и се поти. Сепак, не треба да го капете кучето пречесто за да не ги одмиете природните масла од неговата кожа и да предизвикaте иритација. Меѓу капењата одржувајте го чисто со четкање секој ден.

3. Потребен ви е специјален шампон за кучиња, кој нема да му ги иритира очите, пешкири и кофа со вода.

4. Капењето направете го позитивно искуство за кучето, па нека биде забавно, а вие бидете трпеливи. Користете позитивен тон на гласот, купете му гумени играчки и давајте му награди пред, за време на и по капењето.

5. Капењето на вашето куче во кадата или мијалникот не е најдобра идеја, одлично би било да му купите корито соодветно за неговата големина.

6. Тоалетот е лизгав и за вашето куче, па ставете гумена подлога во коритото за да не се лизне и да не се повреди.

7. Користете умерено топла вода и навикнете го кучето да биде влажно така што полека ќе му сипувате. Никогаш не користете студена вода за да не му предизвикате шок, ниту претопла затоа што ќе му ја оштетите кожата.

8. Внимавајте да не му влезе сапуница во очите, ушите или носот за да не му биде непријатно, а ако му остане вода во ушите може да дојде дури и до бактериска инфекција.  Секогаш почнете од задниот дел на главата и грбот надолу кон грбот, нозете и шепите. Масирајте со шампонот и потоа исплакнете по истиот редослед.

9. Проверете да не има некои грутки или гребнатини, капењето е совршено време за проверка на вашето куче. Ако што било ви изгледа чудно, јавете му се на ветеринарот.

10. Исплакнете го добро затоа што ако остане шампон може да му предизвика чешање и иритација.

11. Подгответе се за неговото тресење затоа што тешко дека ќе го спречите неговиот природен нагон. Почнува од главата и во тој миг користете го пешкирот како штит од хаосот во тоалетот.

12. Исушете го вашето куче едноставно со виткање во пешкир и потоа процесот нека оди природно сушење на собна температура. Ако сакате да го забрзате процесот, користете фен, но вклучен на најслабо и не му дувајте во очите, ушите и носот. Држете го фенот на безбедна дистанца.

13. Подгответе се за неговото „лудо“ однесување по капењето кога ќе сака да се ослободи од мирисот на шампонот или само ќе сака да прослави што капењето е готово. Не му дозволувајте да оди веднаш надвор, ако не сакате потоа да треба да го повторите процесот веднаш.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Интересни факти за слоновите кои сигурно не сте ги знаеле

20 Моќни илустрации што ги прикажуваат најголемите проблеми на денешницата