
Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полнилници, со цел модернизација на јавниот превоз
Според планот, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, додека 50 ќе бидат распределени во останатите општини. Проектот има за цел да придонесе за почист воздух, пониски трошоци за одржување и современ јавен транспорт.
Фази на испорака во наредните 18 месеци
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Избраниот понудувач ќе има обврска да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 во рок од 12 месеци и уште 60 во рок од 18 месеци. Паралелно ќе се поставуваат и 75 полнилници за поддршка на новата флота.
Рокот истекува на 30 март
Компаниите заинтересирани за учество треба да ја достават потребната документација најдоцна до 30 март 2026 година. Повикот е објавен преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.


