во ,

150 електрични автобуси за Македонија: Скопје добива 100 нови возила

Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полнилници, со цел модернизација на јавниот превоз

Според планот, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, додека 50 ќе бидат распределени во останатите општини. Проектот има за цел да придонесе за почист воздух, пониски трошоци за одржување и современ јавен транспорт.

Фази на испорака во наредните 18 месеци

Супер Попуст -25%

Избраниот понудувач ќе има обврска да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 во рок од 12 месеци и уште 60 во рок од 18 месеци. Паралелно ќе се поставуваат и 75 полнилници за поддршка на новата флота.

Рокот истекува на 30 март

Компаниите заинтересирани за учество треба да ја достават потребната документација најдоцна до 30 март 2026 година. Повикот е објавен преку електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЗНАМ со предлог за 90 пратеници: Реформа што ќе ја смени политичката сцена

ПАНИКА ВО ТЕТОВО: Уапсен 18-годишник за лажните дојави за бомби