во ,

16 Абсурдни митови од Интернетот во коишто луѓето се уште веруваат

Во текот на целата историја на човештвото биле кажувани многу митови. Со појавата на Интернетот, многу вистински и лажни приказни им станале достапни на многу луѓе. Сигурно имате сретнато поголем дел од овие митови, а сега е време да престанете да верувате во нив.

1. Принцезата со бркови за која мажите се убивале

Сигурно имате слушнато за принцезата Каџар која изгледа необично според денешните стандарди за убавина, но била вистински симбол за убавина во нејзино време. Оваа приказна е делумно вистинита, но прашањето е дали оваа жена навистина постоела? И да и не. Жената на оваа фотографија била сопруга на Насер ал-Дин Шах Каџар. Некои луѓе мислат дека таа воопшто не била вистинската сопруга на шахот, туку станувало збор за машки актер.

Реклама

На оваа фотографија пак се наоѓа ќерката на шахот, Исмат ал-Давла. Ни таа ни мајка ѝ не биле убави, ниту пак имале многу фанови. Живееле во муслиманска земја и немале можност да комуницираат со други мажи или да одбираат сопрузи.

2. Никола Тесла бил инструктор по пливање

Ова е одлична фотографија, но човекот на неа иако многу наликува на Тесла, е некој сосема друг. Фотографијата е направена во 1898-ма година кога Тесла имал 42 години, а инструкторот на неа изгледа многу помладо.

3. Џејмс Ерл Џоунс, гласот на Дарт Вејдер, морал да излегува со неговиот костум поради расата

Ова е навистина интересна легенда, но фотографијата е направена во Лондон во 1979-та година кога немало клубови „само за бели луѓе“. Според Марк Хамил, Џоунс никогаш не го облекол костумот на Дарт Вејдер. Дејвид Проус кој го глумел Вејдер во оригиналната трилогија изјавил дека на фотографијата не се наоѓа тој. Најверојатно станува збор за некој фан.

4. Огромен стршлен

Оваа фотографија се појави со објаснување дека ова ужасно суштество убива 40 луѓе во Јапонија секоја година. Иако во оваа приказна има вистина, овие стршлени никогаш не растат олку големи. Она што го гледате на фотографијата е само 3Д модел.

5. Бел кит кој умрел од јадење ѓубре

Многу луѓе помислија дека на фотографијата се наоѓа вистински кит чиј стомак е полн со отпад. Всушност ова е уметничка инсталација од страна на Greenpeace на Филипините. Целта била да се привлече внимание за проблемот со загадување на океаните. За жал овие нешта навистина им се случуваат на китовите, и тоа не само во Тихиот Океан.

6. Древен астронаут на катедрала во Шпанија

Зошто има астронаут на ѕидот од катедрала изградена во 16-тиот век? За време на реставрацијата на катедралата во 1992-ра година, артистот Џеронимо Гарсија решил да создаде нешто необично па изрезбал фигура што носи скафандер. Според него, го одбрал астронаутот како симбол на 20-тиот век.

7. Опис на фотографија со глутница волци

Според описот на фотографијата, првите 3 волци се најстари и најслаби, следните 5 се најсилни, во средината е остатокот од глутницата, а на крајот се наоѓаат уште 5 силни животни. Последниот е лидер и ја контролира ситуацијата. Но фотографот Чаден Хантер објаснил дека на овој начин волците ловат бизони. Напред нема слаби животни, туку е алфа мажјакот.

8. Женката волк го штити мажјакот

Веројатно ја имате видено оваа фотографија, најчесто со објаснување дека женката се крие и се преправа дека е исплашена, кога всушност го штити грлото на мажјакот. За жал, ова е само приказна. Фотографката Џин Пол изјавила дека во текот на борбата успеала да го фати моментот кога еден од волците скокнал назад. Исто така големи се шансите сите волци на фотографијата да се мажјаци.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Катастрофални продукти за кои големите компании зажалиле

По што се разликува Македонка од Французинка?