во , ,

16 Неверојатни факти за Јапонија кои сигурно не ги знаете

Начинот на којшто се живее животот во Јапонија, е дефинитивно многу различен од животот во Европа или САД. Фактите коишто ќе ги прочитате во продолжение, дефинитивно ќе ве изненадат и ќе ви ги потенцираат тие необични разлики.

1. Јапонците имаат паметни тоалети, коишто можат да ви направат анализа на крвниот притисок, урината, мастите, протеините и телесната тежина, со само едно седнување

Во Јапонија, непотребните посети на доктор, веќе се дел од минатото. Згора на тоа, со овие тоалети можете да ја следите состојбата на вашето здравје и да преземете нешто, кога тоа е навистина неопходно.

Реклама

2. Јапонците имаат импресивна мода!

Доколку се прошетате околу областа Акихабара, ќе се почувствувате како да сте „слетале“ на некоја друга планета. Луѓето шетаат облечени како да се дел од некој футуристички, ретро и научно-фантастичен филм. Без разлика дали преферирате да се облекувате панкерски или како слугинки, тука е буквално сè прифатливо како мода.

3. Немојте да купувате овошје во Јапонија, освен ако не сакате да платите цело богатство!

Оваа коцкеста лубеница, чини неверојатни 212 долари. Тоа чини многу, дури и да станува збор за највкусната лубеница во светот.

4. Јапонците разменуваат пари со огромна почит

Трговците во Јапонија, ги користат двете раце кога ви враќаат кусур или пак ќе ви го подадат уредно, на послужавник.

5. Удобноста е од особено значење во Јапонија

Дури и во киносалите во Јапонија, удобноста на посетителите е на врвно ниво. Во градот Токоразава, неодамна се отворило кино, во коешто ќе се почувствувате како да гледате филм во домашна атмосфера, благодарение на масите „kotatsu“, под коишто има греајчи, коишто ќе ве топлат во студените денови.

6. Многу сопственици на дуќани во Јапонија, прикажуваат две цени за еден ист продукт

За разлика од останатите држави во светот, каде што цените прикажани на продуктите се со вклучен данок, Јапонците сметаат дека двете цени треба да бидат поединечно истакнати.

7. Кога работниците во Јапонија штрајкуваат, останатиот народ има придобивки од тоа

Шоферите на автобусите во јапонскиот град Окајама, неодамна протестирале. Но, наместо да не работат ништо, тие решиле да си продолжат регуларно со работа, но да не им наплаќаат пари на патниците за билети. На овој начин, тие ја принудиле автобуската компанија да ги покрие трошоците, а не народот.

8. Гужвата во железничките станици во Јапонија изгледа поинаку

Наместо луѓето да трчаат и да се буткаат едни со други, каков што е случајот со повеќето железнички станици ширум светот, патниците во Јапонија се подредуваат во совршени и културни редици. Сигурно е убаво чувството да не сте изгазени, додека си го чекате вашиот воз!

- Следна Страница -


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Искрени илустрации за хаотичниот живот со мало дете

Запознајте ја “Кинг Конг Барби”, 21-годишната бодибилдерка со лице на кукла