во , ,

16 Неверојатни факти за Јапонија кои сигурно не ги знаете

9. Јапонците се многу сериозни кога станува збор за храната

Што и да нарачате во ресторан во Јапонија, ќе изгледа буквално исто како што сте го виделе на менито.

10. Улиците во градовите изгледаат совршено убаво и чисто

Навистина е права реткост, да видите фрлено хартивче или какво било ѓубре, низ улиците во Јапонија. Овој народ е воспитан, да ја почитува средината и да не го остава своето ѓубре зад себе.

Реклама

11. Кога се расипал еден ескалатор во трговски центар во Сапоро, Јапонија, проблемот бил веднаш адресиран

Пред ескалаторот била поставена ограда, а дури и работник стоел пред него цел ден, само за да ги предупреди посетителите дека тој не функционира во моментов.

12. Чадорите за една употреба, се многу популарни во Јапонија

Поради екстремните временски услови, чадорите на Јапонците многу често се кршат. Поради ова, луѓето честопати купуваат евтини чадори, за една употреба, за да не фрлаат пречесто многу пари.

13. Услужувањето на клиентите во јапонските хотели, е на многу напредно ниво

Хотелот со 5 ѕвездички Хен-на, во префектурата Нагасаки, решил да направи нешто поинакво за своите клиенти. Така, јапонските гости, наместо на рецепција да се поздравени од човечко суштество, нив ги пречекува хуманоиден робот. Од друга страна, гостите коишто разбираат само Англиски јазик, се пречекувани од страна на роботски диносаурус.

14. Конкурентите во Јапонија, знаат да си дадат меѓусебна поддршка во тешки времиња

Кога на ресортот Кусатсу, бизнисот му одел многу лошо поради земјотрес, јапонскиот термален ресорт Бепу, спровел кампања, со којашто го поддржал својот конкурент. Тие ставиле знак, на којшто пишувало: „Наместо во Бепу, сега треба да одите во Кусатсу“. Од Бепу велат, дека тие ќе продолжат да си конкурираат меѓу себе, откако Кусатсу ќе застане повторно на нозе, но до тогаш ќе се борат со заеднички сили.

15. Јапонците ги обожуваат лајтшоуата

Забавниот парк „Huis Ten Bosch“ во Нагасаки, е едно од многуте места во Јапонија, коишто прават спектакуларно лајтшоу во зимскиот период. Таму има милиони светилки во разни бои, па дури и неонски брод, со којшто луѓето може да отидат на тура.

16. Со расцветувањето на црешовите дрвја, пролетта во Јапонија дефинитивно е сезона којашто остава без здив

Зависно од климатските услови, црешовите дрвја во Токио и Кјото, започнуваат да цветаат некаде во периодот меѓу март и април. Ова се совпаѓа со популарната празнична недела во Јапонија, т.н. „Golden week“.

- Следна Страница -


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Искрени илустрации за хаотичниот живот со мало дете

Запознајте ја “Кинг Конг Барби”, 21-годишната бодибилдерка со лице на кукла