во , ,

25 Застрашувачки предвидувања за крајот на светот

Кога некој ќе го спомне крајот на светот, тоа не е баш весела тема за дискутирање. Сепак, научниците, религиските лидери и експертите постојано смислуваат нови мрачни предвидувања. Од астероиди, до ужасни пандемии, постојат многу начини на коишто може да заврши светот. Па, погледнете 25 од нив.

1. Експлозија на WR 104

Научниците имаат предупредено дека ако оваа ѕвезда експлодира во супернова, што е очекувано, ќе испушти смртоносни гама зраци кон Земјата што ќе го уништат озонот и целиот живот.

Реклама

2. Супервулкан

Геолошкото здружение претпоставува дека за околу милион години Земјата ќе преживее ерупција на супервулкан. Вулканот би бил доволно голем за да може да исфрли 3.200 километри кубни магма. Ова е споредливо со настан што се случил пред 75.000 години и предизвикал „вулканска зима“ која траела 6-10 години.

3. Предвидувања на Исак Њутн

Познатиот математичар, физичар и филозоф, по детално проучување на Библијата, верувал дека Земјата ќе биде уништена од катастрофални војни во 2060-та година. Сепак, верувал дека светот ќе биде одново изграден од Бог, со тоа започнувајќи нова божествена ера.

4. Роботи

Додека авторите на научната фантастика се убедени дека роботите ќе го освојат светот, физичарот Стивен Хокинг тврдел дека ова не е само шега и е многу блиску до реалноста. Тој изјавил дека ако вештачката интелигенција научи да се реплицира, кога-тогаш ќе го надвладее човештвото и ќе го истреби.

5. Предвидување на Институтот за технологија во Масачусетс

Институтот во 1973-та година развил компјутерска програма наречена World One (Прв свет) со цел да се предвиди крајот на светот. Програмата користела податоци како нивото на загадување, растот на бројот на население, количеството природни ресурси и квалитетот на живот. Предвидела дека крајот на цивилизацијата би бил до 2040-та година, а 2020-та е годината кога сè ќе почне да се движи надолу.

6. Сончева светлина

Научниците предвиделе дека засилувањето на светлината на сонцето ќе ја исуши кората на Земјата и ќе го спушти нивото на јаглероден диоксид со што ќе се истреби целата вегетација. Поради ова ќе исчезнат и луѓето и животните. За среќа, ова нема да се случи уште 500 милиони години.

7. Пандемија

Бил Гејтс предупредил дека следната пандемија на грип е многу блиску, а ние не сме подготвени за тоа. Со растењето на популацијата и способноста да се прават биолошки оружја, Бил предвидел дека ако не направиме нешто, 30 милиони луѓе би умреле уште на почетокот.

8. Предвидувања на Обединетите Нации

Од ОН објавиле извештај од научници според кој светот има околу 12 години да ја намали емисијата на јаглероден диоксид пред да настане катастрофална и непоправлива штета.

9. Астероид

Според професорот Ник Бостром од Универзитетот Оксфорд, доволно е астероид со дијаметар од само 1 километар за да го уништи човештвото. Според него, ваков астероид минува покрај Земјата секои 500.000 години.

10. Сончеви бури

Сончевите бури можат буквално да ја исклучат струјата што би чинело многу пари. Ако нема струја, економијата ќе се дестабилизира.

11. Суперлуѓе

Стивен Хокинг предвидел и дека напредокот во манипулирање на геномите може да води до цела нова генерација суперлуѓе. Богатите би биле првите кои ќе ја изменат нивната ДНК, па потоа другите не би имале шанси.

12. Нуклеарна војна

Штом ќе експлодира една бомба, ќе следат и други. Ова ќе резултира со многу смртни случаи. Преживеаните пак ќе живеат во многу помрачен свет. Многумина предвидуваат дека со зголемување на напнатоста помеѓу САД, Русија, Кина и Северна Кореја, нуклеарната војна може да биде неизбежна.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Работи што не можат да се докажат, но луѓето сепак веруваат во нив

Блажо испрчен на покривот а месте антен’та…