
Трамп го нарече „диктатор“, Зеленски одговори со насмевка и кратка порака
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека Зеленски е „диктатор“ и дека е одговорен за почетокот на војната. Во интервју за Би-би-си, Зеленски возврати со смирен тон и насмевка.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
„Јас не сум диктатор и јас не ја започнав војната. Тоа е тоа“, изјави тој, кратко и директно.
Преговори, наративи и средби
Во разговорот беше спомената и улогата на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, кој во последниот период имаше средби во Москва. Зеленски нагласи дека, според информациите што ги има, Виткоф почесто се среќавал со украинската страна отколку со руската.
Тој додаде дека лично имал повеќе средби со Трамп, додека Трамп со Владимир Путин се сретнал само еднаш. Сепак, посочи дека не може со апсолутна сигурност да ги потврди сите детали.
Порака до Вашингтон
Зеленски потенцира дека САД треба да ја запрат Русија, наместо да ѝ излегуваат во пресрет. Според него, Москва дејствува исклучиво во сопствен интерес и ќе продолжи со истата стратегија без оглед на околностите.
Интервјуто доаѓа во период на зголемена дипломатска активност и нови разговори за можен мировен процес.


