
Кога сакате нешто заситно, а без месо, оваа топла салата е полн погодок. Спојот од грав, зеленчук и миризливи зачини дава оброк кој е подеднакво вкусен самостојно или како прилог.
Овој рецепт е брз, лесен за подготовка (одзема само 15 до 30 минути) и е доволен за четири лица. Идеален е за деновите кога ви треба здрава енергија во една чинија, без да поминувате часови во кујната.
Потребни состојки:
- 400 г грав од конзерва
- 3 средни компири
- 1 помал модар патлиџан
- 1 црвена пиперка
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 200 г пелати (домати)
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажичка слатка црвена пиперка
- 1 лажичка оригано
- сол и бибер по вкус
- 2 лажици свеж магдонос
Начин на подготовка:
- Подготовка на зеленчукот: Излупете го компирот и исечете го на коцки, а потоа заедно со морковите кратко сварете ги.
- Пржење: Кромидот пропржете го на маслиново масло, па додадете ги лукот, модриот патлиџан и црвената пиперка претходно исечкани на коцки.
- Варење и соединување: Умешајте ги пелатите, слатката црвена пиперка, ориганото, солта и биберот, па гответе неколку минути. Додадете ги исцедениот грав, компирите и морковите.
- Крчкање и сервирање: Лесно промешајте и оставете ја салатата да се крчка уште десетина минути за убаво да се соединат сите вкусови. Пред сервирање, наросете со ситно сечкан свеж магдонос и послужете го јадењето топло.

