во ,

6 Најтврдоглави раси кучиња на светот

Верувале или не, и кучињата имаат свои човечки особини, а во продолжение прочитајте кои раси кучиња се најтврдоглави на светот.

Тврдоглавите луѓе ретко прифаќаат совети и секогаш прават работи по свое, е токму така е и со овие раси кучиња. Доколку сакате да ги дресирате, ќе ви биде потребно многу трпение и време.

Овие кучиња спаѓаат во листата на најтврдоглави:

1. Јазовичар

Реклама

Сигурно веќе сте го знаеле ова, но мораше да ги ставиме во оваа листа. Тие сакаат да мислат дека можат сè, иако се мали, па често поради тоа можат да настрадаат.

2. Англиски булдог

Тие многу сакаат да се галат и се идеални за луѓето кои што повеќе сакаат да уживаат на едно место. Меѓутоа, кога нема да се воспостави хиерархија помеѓу кучето и сопственикот – послушноста нема да постои.

3. Џек Расел териер

Енергичното мало куче, како и булдогот ескивира од секоја наредба, освен доколку не воспоставите добар однос на сопственик – куче

4. Шар-пеј

Ова куче го сакаат многу од луѓето поради уникатниот изглед – набраната кожа. Сепак, тие не се толку поврзани со луѓето поради нивната тврдоглавост, па ќе ви биде потребно одредено време да ги придобиете.

5. Бигл

Иако се слатки и поприлично независни, на ова куче му е потребно многу внимание од сопственикот. Доколку не му го дадете, од лутина ќе почне да прави работи кои што нема да ви се допаднат, како на пример гризење облека, перници и други работи во домот.

6. Ротвајлер

Често се нарекува семејно куче и заштитник на децата, што е така, но ротвајлерот мора да се постави на свое место уште кога е мал затоа што подоцна може да има проблем со блага агресија.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчера излегувам од банката, и гледам еден цајкан пише казна, и ја закачува на бришачот…

10 Интересни факти за најмистериозното место на светот