во ,

6 Урнебесни вицови за брачни парови кои ќе ве насмеат до солзи

 

Готвење

Момчето и девојката водат сериозен разговор пред венчавката.

Момчето ја прашува девојката: „Дали ќе ми готвиш сѐ додека смртта не нѐ раздели?“

Реклама

Девојката му одговара: „Ако почнам да ти готвам, смртта брзо ќе нѐ раздели!“

Незадоволство

Ако мажот не се чувствува среќно и задоволно откако купил нов автомобил, тоа значи дека најверојатно го купил за сопругата и морал самиот да го плати.

Средба

Мажот добива порака од пријателот: „Здраво брат, како си?“.

„Ништо еве во болница…“ – одговара мажот.

„Како бе во болница, пред еден час те видов како разговараш со една згодна девојка низ град. Што се случи?“ – го прашува пријателот.

„Ништо бе брат, и жена ми ме видела!“ – одговара пријателот.

Славење

Брачен пар вечерал во ресторан, а до нив на масата седел човек во видно алкохолизирана состојба. Сопругата почнала упорно да зјапа во него, заради што сопругот ја прашал:

„Што зјапаш толку? Да не го познаваш случајно?“

„Да! Тоа ми е бившиот сопруг и не престана да пие откако го оставив пред седум години“ – одговорила жената.

„Како да не! Не верувам дека некој може толку долго да слави!“ – рекол сопругот.

Пекол

Една девојка си дошла дома мошне тажна, па почнала да ѝ раскажува на мајка ѝ:

„Мамо, Трпе ме побара за жена…“

„Добро, зошто си тажна тогаш?“ – прашала мајката.

„Затоа што ми кажа дека е атеист и не сака да се венчаме во црква. Мамо, тој дури и не сака да верува дека постои пеколот…“ – одговорила девојката.

„Не грижи се… Тука сме ние, ќе му покажеме дека треба да верува!“

Фит пар

Повозрасен брачен пар бил на посета кај лекар, па ги прашале во што е нивната тајна за добро здравје и младовечност, на што дедото почнал да раскажува:

„Ние сме во брак 75 години. Кога се земавме ѝ ветив на жена ми дека секојпат кога ќе се скараме ќе пешачам по 5 километри и така овие 75 години секој ден пешачам по толку…“

Докторот на ова одговорил:

„Браво. Тоа е супер… Ама како и сопругата е во топ форма?“.

Дедото одговорил:

„Е па инает жена. Секој ден оди по мене да провери да не лажам и дали пешачам точно по пет километри…“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Работи по кои ќе препознаеш типичен Македонец

Фраер и се пушта на убава девојка, која предава веронаука во училиште….