Погледнете ја следнава листа со најпопуларните туристички што ќе ви овозможат да направите фотографии вредни за на Инстаграм.
1. Ко Самуи, Тајланд

На само едночасовен лет од Бангкок, овој јужен рај во Тајланд нема да остави никого рамнодушен. Започнете го своето утре со вкусен појадок во „Life Cafe“ и потоа посетете ги кристално листите плажи и забавните ноќни маркети.
2. Лисабон, Португалија
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден

За да имате совршен ден во Лисабон, погрижете се да не се ограничувате со време – едноставно препуштете му се на градот и дозволете им на улиците сами да ве водат. Почнете го денот со вкусен појадок во „Pastéis de Belém“ и потоа уживајте во неверојатна ренесансна архитектура.
3. Тулум, Мексико

Тулум е навистина магично место со многу прекрасни локации за пливање. Овој град е одличен за оние што сакаат да најдат неколкудневен мир, да јадат здрава храна и едноставно да уживаат во времето поминато со себе.
4. Позитано, Италија

Постои еден вид необична светлина што го прави Позитано едноставно магичен. Без разлика колкупати ќе го посетите, вие секогаш ќе бидете одново воодушевени од колоритните карпи што се протегаат покрај морето, како и ретро вибрациите што владеат на плажите и ве тераат да си помислите дека сте во 50-тите. Исто така, не пропуштајте ја вечерата во „Le Sirenuse“.
5. Маракеш, Мароко

Во срцето на Медина се наоѓаат маркетите што не смеете да ги пропуштите додека сте во Маракеш. Таму ќе најдете сè од прекрасни рачно изработени чанти и домашен декор, до зачини и масла. Само не заборавајте дека ќе треба многу да се пазарите за сè што ќе сакате да купите.
6. Амстердам, Холандија

За најдобро да го искусите овој град, ви препорачуваме да пешачите или да возите велосипед околу каналите. Исто така можете и да изнајмите брод и да тргнете на крстарење низ градот, посетувајќи ги „жешките“ места како Црвената област, додека уживате во чаша вино.
7. Оаху, Хаваи

Плажата Ланикаи е едноставно неверојатна, но тоа по што ќе го помните засекогаш ова место е атмосферата што владее таму. Оаху е можеби најдоброто место на планетата за бегство од градската бука.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден








