во ,

8 Познати личности кои се полиглоти – на кои јазици знаат да зборуваат?

Штом станале успешни, факт е дека славните личности се талентирани. Но, глумата, пеењето, свирењето и танцувањето не се единствените нивни таленти.

Некои од нив се и полиглоти, односно зборуваат по три јазици, па и повеќе. Некои јазици ги зборуваат одлично, а некои ги разбираат само делумно, но сепак е неверојатно што имаат барем мало познавање од толку многу јазици.

Погледнете кои од нив спаѓаат во оваа категорија:

Реклама

Салма Хајек – 5 јазици

Покрај шпанскиот и англискиот, Салма научила да го зборува и мајчиниот јазик на нејзиниот сопруг – францускиот. Наводно, таа имала познавање и од португалски и арапски.

Виго Мортенсен – 7 јазици

Виго е роден во Данска, но во детството живеел и во Аргентина. Токму поради ова знае да зборува дански и шпански. Покрај англискиот, тој зборува и италијански, француски и малку норвешки и шведски.

Шакира – 6 јазици

Познатата пејачка е од Колумбија, па шпанскиот ѝ е мајчин јазик. Таа знае и англиски, но и португалски, француски и италијански. Поради нејзиниот партнер Пике, таа научила и каталонски.

Натали Портман – 6 јазици

Актерката е родена во Израел, каде што живеела до нејзината трета година. Кога се преселила во САД, продолжила да го учи хебрејскиот, а научила и англиски.

Уште од рана возраст актерката покажала желба за изучување јазици, па почнала да ги учи францускиот, јапонскиот, германскиот, шпанскиот и арапскиот. Иако не ги зборува совршено, сепак има барем некакво познавање од нив.

Пенелопе Круз – 4 јазици

Мајчиниот јазик на Пенелопе е шпански, а актерката зборува и англиски. Покрај тоа, таа зборува и француски и италијански.

Том Хидлстон – 6 јазици

Британскиот актер зборува англиски, и тоа со неколку акценти и дијалекти. Покрај тоа, тој знае француски, италијански и шпански, но и латински и грчки.

Џоди Фостер – 5 јазици

Покрај мајчиниот англиски, Џоди зборува француски и италијански, а има познавање и од шпанскиот и германскиот.

Кејт Бекинсејл – 4 јазици

Во тинејџерските години, Кејт ги изучувала француската и руската литература, па ги научила и јазиците. Англискиот ѝ е мајчин јазик, а зборува и германски.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Луѓе на кои паметот не им е силна страна, но никогаш не им е здодевно…

Како да го смирите вашето милениче во стресни ситуации?