
Здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, членот на бендот ДНК, се подобрува. Тој беше тешко повреден во пожарот во Кочани. Беше хоспитализиран во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Според неофицијални информации на порталот Скопје1, Панчо е преместен од одделението за интензивна нега. Таму поминал повеќе од 40 дена, приклучен на апарати за одржување во живот. Сега е префрлен на редовно одделение.

Таму ќе продолжи лекувањето на неговите повреди. Станува збор за изгореници по телото и на дишните патишта. Тој е во болница вкупно 46 дена. Првично беше примен во Клиничкиот центар во Скопје.
Осомничен за предизвикување на пожарот?
И покрај подобрувањето на здравјето, Блажев-Панчо има и статус на осомничен. Обвинителството на 21 март соопшти дека и тој е осомничен за пожарот. Сомнението е поврзано со увоз и употреба на пиротехнички средства.
„Член на музичката група е исто така осомничен“, изјави тогаш државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Постои сомнеж дека околу 02:32 часот, во рамки на сценски настап, членови на бендот активирале пиротехнички фонтани.“
„Тие фрлале искри кон таванот над бината. Тоа веднаш го запалило кровот и пожарот се проширил“, објасни Коцевски за основите на сомневањето.
Да потсетиме, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, животот го загубија 62 лица.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








