во ,

Здравствената состојба на Панчо од ДНК се подобрува, но блиските велат: Телесните рани ќе зараснат, душевните остануваат вечно

ИСКРА НАДЕЖ ВО МОРЕТО ОД ТАГА ПО КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА! По речиси два долги месеци на болничко лекување и неизвесност, здравствената состојба на Владимир Блажев – Панчо, членот на омиленото дуо ДНК, конечно се ПОДОБРУВА од ден на ден!

Блиските соработници со олеснување ја споделуваат оваа вест, но истовремено упатуваат и ПОТРЕСНА порака која ја пара душата: „Физичките рани ќе заздрават, но лузните на душата на Панчо, и на сите кои изгубија најблиски, ќе останат ЗА НАВЕК!“

Купи Маица

Како тече закрепнувањето на саканиот музичар и каква е тешката битка што допрва го чека него, но и сите оние кои беа погодени од незамисливиот ужас?

Состојбата на Владимир Блажев – Панчо, кој беше хоспитализиран речиси два месеци по трагичниот пожар во Кочани, бележи секојдневно подобрување. Близок соработник на дуото ДНК за „Фокус“ открива дека постојат големи надежи оти Панчо наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување. Оваа вест носи зрак светлина по тешкиот период низ кој помина популарниот музичар.

Сепак, истиот соговорник со тага нагласува дека последиците од трагедијата се длабоки и трајни. „Физичките рани ќе заздрават, но душата на Панчо, и на сите кои изгубија свои блиски во пожарот, вечно ќе им гори. Никој ниту сакал, ниту пак можел да претпостави дека вакво нешто може да се случи. За жал, времето не може да се врати назад“, вели тој за „Фокус“.

И други блиски пријатели и соработници на Панчо од естрадната сцена споделуваат дека сè уште се во шок и занемени од трагедијата. Тие изразуваат надеж дека Панчо ќе закрепне што е можно побргу, ќе се врати во својот дом и ќе најде сили да продолжи со животот, иако се свесни дека тој никогаш нема да биде ист, ниту за него, ниту за било кој што изгубил свој близок во кобниот пожар. Поради сензитивноста на целата ситуација, тие претпочитаат да не зборуваат јавно со своите имиња.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ина Многуфина со шок предвидување: Наскоро сами ќе си ставаме инфузии гледајќи туторијали на Јутјуб?

Трагедија во Средоземјето: Две мали деца и еден маж починаа од жед и исцрпеност на пат кон Италија