во ,

Грандиозна инвестиција од 30 милиони евра, Македонија станува регионален хаб за автомобилската индустрија

Глобалниот лидер во автомобилската индустрија, „Гентерм“, ја проширува својата инвестиција во Македонија.

Проширувањето е со нов проект вреден над 30 милиони евра. Со него се предвидуваат и до 300 нови вработувања. Оваа информација денеска ја најави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Мицкоски: „Македонија станува сигурна технолошка дестинација“

„Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата,“ изјави Мицкоски. „Ја објавувам новата инвестиција на Гентерм, кој покрај веќе постоечката инвестиција во Прилеп, почнува со план за проширување.“

Реклама

„Со овој нов инвестициски циклус се потврдува она што сите го чувствуваме. Дека Македонија станува сигурна дестинација за долгорочни и технолошки напредни инвестиции,“ додаде тој. Според него, новата инвестиција е чекор кон иднината, со автоматизирани линии и нова технолошка опрема.

„Ова не е само инвестиција, ова е двигател на економијата“

„Ова не е само уште една инвестиција – ова е двигател на нашата економија,“ нагласи премиерот. „Со вакви проекти расте индустриското производство, се отвораат нови работни места и се зголемува извозот.“

Тој потсети дека минатата 2024 година, Македонија ја заврши со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции. Тие изнесувале 1 милијарда и 255 милиони евра. Дополнително, во мај 2025 година, се бележи значителен раст на индустриското производство од 9,4%, што е највисоко ниво во последните десет години.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не се реформира туку се рециклира, заевизмот е сè уште жив

Војната ескалира: Жесток напад врз Киев, Украина возврати со удар на 75 км од Кремљ