во ,

Мицкоски: Сите оние кои велеа „само сменете го Уставот“, сега треба да му се извинат на народот

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европската комисија е подеднакво лошо како и да стои формулацијата „модерен“ пред нив.

Ова е негова реакција на објавата дека најголемите европски партии се согласиле воопшто да не се споменуваат македонскиот јазик и идентитет. Тој одговараше на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

„На талибански начин се брише идентитетот, тоа ни го направија Османи и Ковачевски“

„За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, нè доведоа во една ваква ситуација. На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Извештајот во Европа,“ рече Мицкоски.

Реклама

„Тоа го дочекавме како народ во 21 век. Ете тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите,“ истакна премиерот. И покрај ова, тој рече дека треба да се памети „малиот чекор“ кога во Комитетот за надворешни работи првично помина формулацијата за македонски јазик.

„Проблемот е подлабок од Бугарите во Уставот“

Премиерот додаде дека уште еднаш се докажало оти проблемот не е само во внесувањето на Бугарите во Уставот. „Проблемот е многу подлабок,“ рече тој. „И сега сите тие коишто манипулираа во минатото и нè убедуваа дека само да го смениме Уставот и сите проблеми ќе бидат решени, треба да излезат и да им се извинат на македонските граѓани.“

Статијата потсетува дека на 28 мај, Мицкоски очекувал поинаков исход. Тој тогаш изјави дека очекува Европскиот парламент едногласно да го усвои извештајот со формулацијата „многувековен, посебен македонски идентитет и јазик“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И Лионел Меси се прости од Диого Жота: „Почивај во мир“

Поранешниот министер со остра критика: „За македонскиот јазик, Преспанскиот договор е силно оружје, искористете го!“