
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше својот поранешен близок соработник, Илон Маск, за одлуката да основа нова политичка партија.
„Мислам дека е смешно да се основа трета партија,“ им рекол Трамп на новинарите во неделата. Ова го изјавил пред да се качи во претседателскиот авион. „Отсекогаш сме имале двопартиски систем и верувам дека основањето на трета партија само создава конфузија,“ додал тој.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
По повеќенеделни наговестувања, Илон Маск за време на викендот на социјалната мрежа Х објави дека ја основал „Американската партија“. Целта на оваа партија, според него, е да се спротивстави на републиканската и демократската „Единствена партија“.
Да потсетиме, Доналд Трамп и Илон Маск претходно беа блиски соработници. Маск дури го водеше и Одделението за ефикасност на владата. Тоа беше тело задолжено да помогне во намалувањето на трошоците на сојузната влада.


