во , ,

Кирков алармира: Уште две лами пцовисале од туберкулоза, а раководството се обидело да го сокрие целиот случај!

Пред неколку дена, уште две лами пцовисале во скопската Зоолошка градина.

Оваа информација денеска на својот фејсбук-профил ја објави Стефан Кирков. Тој е советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје. Според него, во скопската Зоолошка градина се случува вистински хаос. Тој тврди дека раководството се обидува да го сокрие угинувањето на овие животни.

„Се соочуваат со голем притисок и мобинг“

„Пред четири или пет дена починале две лами. Неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберкулоза,“ пишува Кирков. „Пред само повеќе од еден месец исто така починаа две лами, за кои се знаело дека наводно боледуваат од истата болест.“

Супер Летен Попуст

Тој посочува дека од страна на раководството им било наредено на вработените да не се објавуваат информациите. „Одат и до таму што и покрај законската обврска да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство, тие тоа не го направиле,“ вели тој.

Кирков наведува и дека за овој случај вработените се соочуваат со голем притисок и мобинг. „Имале притисок да влегуваат во живеалиштата на ламите без никаква заштитна опрема,“ тврди тој. Со тоа, под ризик биле изложени и сите посетители.

Кирков со обвинувања до градоначалничката Арсовска

Според него, изминатите години откако градоначалничка е Данела Арсовска, во зоолошката пцовисале над 40 егзотични животни. „За ова и за сè што претходно се случува, некој мора да поднесе одговорност,“ рече тој. „Данела Арсовска, што уште ќе му направиш на Скопје?“

Да потсетиме, на 8 април, и од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираа за сличен случај. Тие тогаш посочија дека резултатите од лабораториското тестирање на една од тогаш пцовисаните лами покажале дека таа била болна од туберкулоза.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Додик: Концертот на Томпсон во Загреб не беше музика, туку афирмација на омраза и славење на злосторства!

Владата со нова, револуционерна мерка: Ќе се ангажираат 400 невработени лица за плата од 24.000 денари месечно да гаснат пожари