Две мали женки, некогаш бели, нежни и меки, беа пронајдени покрај влезот на една зграда, оставени во торба во Белград.
Објавата што ја сподели здружението „Вентура“ е една од оние кои ве оставаат без зборови. Две понижени, исцрпени и запуштени женки, непрепознатливи од ужасните наслаги на негрижа и телесни течности, на измачените тела имале јасни знаци на злоставување и занемарување. Очигледно, тие преживувале како робинки кои некому му служеле за заработка.
„Оклоп од болка“
Волонтерите кои ги пронашле пишуваат дека овие мали души било тешко да се гледаат. Бидејќи некои станари се заканувале дека ќе повикаат „Зоохигиена“, едно лице се сожалило, ги однело дома и го повикало здружението. Иако пребукирани и во долгови, „Вентура“ не можеле да ги остават кучињата.
Видеата сведочат за страдањето кое целосно им го променило личниот опис. „Србија и светот треба да видат какво злоставување трпат животните“, велат од здружението. На кучињата прво им бил отстранет „оклопот од болка што го носеле со години“. Нивните тела биле заробени во слоеви скаменето и валкано крзно, натопено со урина и измет. Секој потег со машинката за шишање откривал беспомошни, измачени и закржлавени тела.
Повеќе од само негрижа – камен голем колку јајце од препелица
Кучињата долго време биле припиени едно до друго, исплашени и збунети. Анализите покажале дека во организмот на едната женка постои жариште. По деталните прегледи, во нејзиниот мочен меур бил пронајден камен со големина на јајце од препелица.
Таа веднаш била оперирана – каменот бил отстранет и истовремено била извршена стерилизација. Сега, пред неа и нејзината сестричка е долг пат на закрепнување, а потоа и барање на дом. А тоа време, велат од здружението, се ближи…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден