
‘Македонија е обоена во црвено’: ВМРО-ДПМНЕ прогласи доминантна победа на локалните избори
Македонија е обоена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ прогласи апсолутна победа на вториот круг од локалните избори, освојувајќи вкупно 54 општини плус Градот Скопје. Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција изјави дека граѓаните го направиле својот избор и дека оваа голема победа претставува истовремено и огромна одговорност за партијата.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Според ВМРО-ДПМНЕ, резултатите покажуваат дека владејачката коалиција е „стабилна и легитимна“. Заедно со своите коалициски партнери, тие ќе раководат со вкупно 66 од 81 општина во државата, што е повеќе од две третини од целата територија.
Мисајловски: Ќе работиме и ќе го обединиме народот
Владо Мисајловски истакна дека победата во општини од Кичево до Кочани и од Брвеница до Валандово е обврска за работа и испорачување на ветените резултати. Тој најави почеток на нова ера во која партијата ќе се фокусира на работа и на обединување на народот.
„Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати“, порача Мисајловски. Со освојувањето на апсолутно мнозинство на локално ниво, владејачката партија добива силен мандат да ги спроведе своите политики во речиси сите делови на Македонија во наредните четири години.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден








