

Анимираната научно-фантастична комедија „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски денес има белгиска премиера на Razor Reel Flanders Film Festival во Бриж.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Фестивалот е дел од Мелиес организацијата — европска мрежа на филмски фестивали посветени на фантастичниот филм, именувана по пионерот на кинематографијата Жорж Мелиес.
Основан во 2008 година, Razor Reel е препознатлив по својата посветеност на фантастиката, хоророт, анимацијата и независниот филм, промовирајќи авторски дела што ги поместуваат границите на жанрот.

„Јон Вардар“ го освојува светот
Режисерот Гоце Цветановски изјави: „Октомври беше многу активен за Јон Вардар: имавме десет фестивалски прикажувања, меѓу кои премиери во Тајван, Австралија, Турција, Канада, Германија, и мило ми е што ритамот не успорува ни во ноември. Наскоро ќе објавиме уште возбудливи новости.“
Филмот е во сценарио и режија на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








