во ,

МОН ДАВА ВТОРА ШАНСА: Нов рок за пријавување за студентски оброк до 16 ноември

МОН дава нова шанса: Студентите кои го испуштија рокот, ќе можат да аплицираат за студентски оброк до 16 ноември.

За студентите кои го испуштија првиот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (кој беше од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможи дополнителен рок за пријавување. Новиот рок започнува од денеска (13 ноември) и ќе трае до 16 ноември.

Од МОН објавија дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk. Тие исто така појаснија дека сите студенти кои ќе го остварат правото ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле. За сите прашања, студентите можат да се обратат на: [email protected].

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Турција ѝ објави „војна“ на Кина: Ќе биде топ 5 сила за ретки метали!

Обвинение за лекарот што прегази куче во Софија: Му се заканува затвор од 1 до 5 години