во ,

ЈА НАРЕКУВААТ „ЖЕНСКИОТ ШЕК“: Оваа кошаркарка е чудо, даде 43 поени за 20 минути!

Ретко која кошаркарка во САД привлекла толку внимание како Оди Крукс. Поради нејзината градба, која отскокнува од сите останати, но и неверојатните бројки, таа стана ѕвезда на колеџ кошарката (НЦАА).

Кошаркарката на Ајова Стејт Сајклонс има неверојатен просек од 28,3 поени по натпревар, со дури 79% успешност од игра. Таа беше особено импресивна на последниот меч против Валпараизо, каде за само 20 минути поминати на теренот успеа да постигне дури 43 поени (со 78,3% шут од игра).

Повеќе од само бројки – „Женскиот Шекил О’Нил“

Оди Крукс е висока 190 сантиметри, а интересно е што никаде не постојат конкретни податоци за нејзината тежина. Навивачите, поради нејзината специфична конституција, доминацијата под кошот и огромните проценти на шут, веќе ја споредуваат со легендарниот Шекил О’Нил.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„РАЧНО НАПИШАНО ПИСМО ОД КРАЛОТ“: Шерон Озборн откри како Чарлс ѝ изразил сочувство по смртта на Ози

ДОКАЗ ОД 6 ВЕК: Зборот „Септември“ пронајден во Сирија го потврди континуитетот на македонскиот јазик!