
Граѓаните денеска можат да уживаат уште во еден убав ноемвриски ден. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрата во цела Македонија ќе бидат постудени, но денот ќе биде сончев.
Во текот на денот, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од -3 Целзиусови степени во Берово до 3 степени во Охрид.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени во Маврово и Охрид до 19 степени во Гевгелија.
Времето во Скопје
Во главниот град, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а минималната температура ќе биде околу 1 степен. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а максималната температура ќе изнесува до 16 степени.


