во ,

Искористете ја неделата: Денес е последниот сончев ден пред големиот циклон од Џенова

Времето денеска (недела) ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а особено изутрина по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Минималната температура ќе се движи од -3 до 5, а максималната ќе достигне пријатни 16 до 20 степени. Во Скопје, по утринската магла, денот ќе биде сончев и претежно тивок со температура до 16 степени.

Промена од вторник: Циклон од Џенова носи дожд и силен ветер

Ова ќе биде последен стабилен ден пред големата промена. Од утре (понеделник) облачноста ќе се зголеми, а веќе од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални, наместа пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч).

Аларм за Балканот: Опасност од поплави

Според „Метеоаларм“, до крајот на неделава целиот регион ќе биде под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова. Ова носи ризик од невреме и поплави, особено во западните делови на Балканот – Албанија, Косово, Црна Гора, Босна, Словенија и Хрватска. Таму се очекува да наврнат екстремни количества дожд, локално и над 200-300 литри на метар квадратен.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАМП ГИ НАМАЛУВА ЦАРИНИТЕ: Поевтинуваат кафето, бананите и говедското месо!

АЛБАНИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Ќе купува хаубици, дронови и минофрлачи од Израел!