во ,

КОМПЛЕТНИОТ МИРОВЕН ПЛАН ОТКРИЕН: Европа ја избриша забраната за НАТО, еве што ѝ се нуди на Украина!

Европскиот мировен план за Украина, кој дојде како одговор на планот на Доналд Трамп, е објавен во целост. Најзначајната промена е што точката 3, која гарантираше дека Украина нема да влезе во НАТО, е целосно избришана.

Овој план нуди различни безбедносни и економски решенија. Според предлогот, Киев нема да биде должен да ѝ ги предаде на Русија териториите што сè уште ги контролира, а нема да има ниту фактичко признавање на териториите што ги окупира Русија.

Клучни точки:

  • Војска: Украинската армија ќе биде ограничена на 800.000 војници во мирнодопско време (наместо 600.000 од планот на Трамп).
  • Територии: Украина се обврзува дека нема да ги враќа окупираните територии со воени средства. Преговорите ќе почнат од линијата на контактот.
  • Замрзнати средства: Руските државни средства ќе останат замрзнати додека Русија не плати отштета за воената штета.
  • НАТО: Пристапувањето на Украина во НАТО зависи од консензус, но не е експлицитно забрането. Борбени авиони на НАТО ќе бидат стационирани во Полска.
  • Економија: Русија ќе биде постепено реинтегрирана во глобалната економија (враќање во Г8), додека Украина добива голем пакет за обнова.
  • Енергетика: Нуклеарката Запорожје ќе работи 50-50 за двете земји.
  • Гарант: Доналд Трамп ќе претседава со Мировниот совет кој ќе го надгледува договорот.
Супер Попуст -25%

Планот предвидува и итни избори во Украина, размена на затвореници „сите за сите“ и враќање на киднапираните деца. Според американската влада, постигнат е „огромен напредок“ во преговорите во Женева.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Грешката што сите ја правиме: Зошто џемперот ви се растегнува? (Не е до перењето!)

Мицкоски грми по судиите: „Црвенееме пред Стразбур поради партиските инсталации на СДСМ и ДУИ“