во ,

Маратон во Кремљ: Путин три часа ги „пеглаше“ деталите за мир со Виткоф и Кушнер

Маратонски преговори во Кремљ: Путин три часа очи в очи со емисарите на Трамп, на маса е поделбата на Украина?

Рускиот претседател Владимир Путин одржа маратонски состанок, кој траеше повеќе од три часа, со специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стивен Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер. На средбата во Москва, на која од руска страна присуствуваа и клучните стратези Јуриј Ушаков и Кирил Дмитриев, детално се разгледуваше новиот американски мировен план. Според изворите, фокусот сега е поместен кон утврдување на де факто граници, што имплицира дека САД вршат притисок врз Киев за тешки територијални отстапки како цена за запирање на војната.

Зеленски потврди нов план од 20 точки: „Ова е најголемата шанса за мир досега“

Супер Попуст -25%

Додека Путин не отстапува од барањето за целосна контрола врз Донбас, украинскиот претседател Володимир Зеленски од Даблин испрати порака дека иако прашањата за териториите и замрзнатите руски средства се „најтешкиот дел“, сепак постои историска шанса за крај на конфликтот. Тој потврди дека со САД е усогласен ревидиран мировен договор кој сега содржи 20 точки. Американската делегација (Виткоф и Кушнер) веднаш по Москва ќе отпатува за да го информира Зеленски за исходот, а средбата најверојатно ќе се случи утре во Брисел, каде што заседава НАТО.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОК ВО БРИСЕЛ: Уапсена Федерика Могерини поради финансиска измама со европски фондови!

Паѓа ли Владата во Софија? Василев најави гласање недоверба и нови масовни протести