во ,

ШОКАНТНИ БРОЈКИ ОД „СЕЈФ СИТИ“: 22.600 прекршоци за само 12 часа, еден возач „летал“ со 209 км/ч!

Улиците претворени во тркачки патеки: „Сејф сити“ сними возило со вртоглави 209 км/ч во Скопје!

Првичните резултати од тридневниот тест-период на системот „Сејф сити“ (Safe City) откриваат застрашувачка слика за сообраќајната култура. Според најновите податоци на Министерството за внатрешни работи (МВР), само во текот на вчерашниот ден, во временски интервал од само 12 часа, камерите регистрирале неверојатни 22.600 сообраќајни прекршоци. Статистиката е поразителна и покажува масовно непочитување на правилата – дури 95 проценти од вкупните прекршоци (околу 21.400) се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената.

Рекорди и казни: Од 51 до 209 километри на час

Супер Попуст -25%

Системот ја регистрираше и апсолутната рекордна брзина во овој пробен период – возач кој „летал“ со 209 километри на час, што е брзина соодветна за авто-трки, а не за јавни патишта. Од друга страна, камерите се покажаа како бескомпромисни и за малите пречекорувања, па најниската брзина за која е генерирана казна изнесува 51 км/ч (во зона на 50). Овие алармантни податоци, според надлежните, ја потврдуваат итната неопходност од целосната имплементација на овој систем за воведување ред и зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет часа очи в очи со Путин: Што му кажаа Виткоф и Кушнер на Трамп по враќањето од Москва?

Унгарија против Брисел: Сијарто најави тужба поради забраната за руски гас!